Покривни конструкции на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча и на термалното лекувалиште Бања Банско, довршување на Струмичкиот театар, конзервација, реставрација и санација на црквата „Св. Кирил и Методиј“ се четирите капитални проекти што ќе бидат реалзирани во Струмица и околината, најави вчера министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
– Овие проекти не само што ќе ја подобрат инфраструктурата, туку и ќе придонесат за зајакнување на нашето културно наследство и подобрување на животот на граѓаните – рече Љутков.
Активностите на црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде реализирани во соработка со Заводот за заштита на споменицита на културата и музеј од Струмица, за што ќе бидат обезбедени 15 милиони денари. За целосната реализација на Струмичкиот театар се одвоени над 196 милиони денари. Покривната конструкција на термалното лекувалиште Бања Банско е со поддршка од Европската Унија, за што се предвидени повеќе од 25 милиони денари. За конзервација и санација на покривот на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча ќе бидат издвоени 1.200.000 денари.





