Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексиев ја освои наградата „Најтрансформативен филм“ на 31. Меѓународен филмски фестивал во Седона, Аризона. Ова е една од многуте награди што македонскиот филм ги доби во последнава година. Главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.
– Ова признание ни значи многу, на сите членови на тимот што ги ставија своите срца и души за оваа приказна да добие свој живот. Благодариме на фестивалот за оваа извонредна чест и за просветлувачкото искуство. Почестени сме и инспирирани – велат од тимот на филмот.
Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуцент е и српската „Терирем“.
– Филмот зборува за љубовта , затоа што едниот лик наоѓа љубов, каква што никогаш немал, а другиот лик наоѓа повторно смисла за животот поради некои трауми, поради кои ја изгубил вербата во љубовта и во животот – вели Илија Циривири, продуцент на филмот.





