„Корени и крилја – европска диплома дома!“ е насловот на кампањата што Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола ја започна со што пред младите го промовира своето учество во КОЛОРС Алијансата. УКЛО распиша конкурс за средношколски творби, кој е достапен на веб–страницата на универзитетот. УКЛО ги повикува сите средношколци да учествуваат и да го искористат овој уникатен момент за да ги покажат своите таленти, а истовремено да се информираат за можностите што ги нуди Универзитетот за нивното идно образование.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска најавија дека кампањата е дел од визија за иднината и се реализира со впечатливо гесло; „Корени и крилја – Европска диплома дома!“. Намерата е – да им се покаже на младите луѓе дека можат да стекнат високообразовни квалификации со европски квалитет без да ги напуштат трајно своите корени.
Оваа кампања истакнува дека студирањето во Македонија не значи напуштање на своите корени, туку дека нуди можност за добивање европска диплома. Кампањата исто така ги охрабрува студентите да останат во својата татковина, додека истовремено добиваат европски крила преку квалитетното образование на УКЛО.





