Изложба на Решат Амети во МКЦ во Скопје

Изложбата „Мојот пат во уметноста“ на Решат Амети ќе биде отворена на 11 март в0 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Изложбата во МКЦ е трета по ред во рамките на јубилејот 35 години творештво. Целта на оваа изложба е да ги потикне младите да истражуваат и да го најдат својот индивидуален стил во уметноста.

Професорот Решат Амети во текот на изложбата ќе одржи свое предавање со кое како педагог ќе им ја продлабочи љубовта кон уметноста.

Патувањето по патиштата на уметноста е авантура и страст на кој уметникот целосно се предава, на овој пат има и станици на кои треба да се застане, да се сврти назад кон изминатиот пат, но и да се усмери погледот и кон иднината за да може да се одреди по кој пат тргне. Токму оваа година движејќи се по патот уметникот Решат Амети се најде пред прагот на еден значаен јубилеј 35 години творештво. Обележувањето на јубилејот Тој го започна на 30 декември 2025 година со репрезативна изложба во Дипломатскиот клуб на Министерството за надворешни работи на СР Германија во Берлин.

На 27 февруари Амети ја отвори својата втора изложба во рамките на овој јубилеј во галеријата Урсулаштрос во Грац, Австрија.  Решат Амети е редовен професор на Државниот факултет во Тетово, тој е уметник со меѓународно реноме, а за својата педагошка работа, за преставувањето на нашата уметност во странство и за своето сликарство е добитник на највусоката државна награда „ 11 Октомври“.
Изложбата во МКЦ ќе трае до 22 март.

Сподели