Осум романи во игра за „Роман на годината“ за 2024

Осум романи ја продолжуваат битката за наградата „Роман на годината“ за 2024 година.
Во селекцијата влегоа: „Ветрилиште“ на Игор Анѓелков, „Кој го уби Едгар Алан По“ на Владо Јаневски, „Леска Брезоска“ на Симона Јованоска, „Простување“ на Кица Колбе, „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, на „Или-Или“, „Тони“ на Румена Бужаровска („Три“), „Ехото на акробатите“ на Владимир Јанковски („Арс Либрис“), и „И ѕирка и проѕирка“ на Огнена Никуљски („Антолог“).

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).

На годинашниот конкурс пристигнаа 43 романи. Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура, а а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14 март.

Сподели