Со 84.240.000 денари се реконструира Домот на културата во Ченто

Жалната состојба на Домот на културата во скопската населба Ченто, за која медиумите повеќе од 30 години известуваа дека се распаѓа и станат дувло за зависници, за 18 месеци ќе го врати вистинскиот сјај. Почнува санацијата на објектот кој во минатото беше културен центар за жителите на Ченто и Маџари и околните населени места. Проектот го финансира Владата со 84.240.000 денари.

Домот на културата „11 Октомври“ ќе се простира на 1.000 квадратни метри, ќе има три нивоа, ќе биде енергетски ефикасен и целосно инклузивен со лифт и тоалети за лица со посебни потреби, со капацитет за 180 гледачи.

Објектот викендов го посетија претставници од Владата и од локалната самоуправа.

Фото: Министерство за локална самоуправа

Сподели