Врвни гласови и интерпретации на оскаровски хитови слушнавме на второто издание на Оскаровската гала вечер што се одржа завчеравечер во Македонскиот народен театар во Скопје. Програма што не прошета низ историјата на филмот, не потсети на постари хитови од секоја доба – 60-тите, 70-тите, од Love letters, низ филмовите со Барбра Стрејсенд, „Брилијантин“, „Телохранител“, „Нешто сосема блиску“…
Слушнавме одлични вокали, а посебно ќе ги нагласам пејачките што ги видовме на Оскаровската гала вечер – младата Ана Петановска, веќе докажаната Наде Талевска, енергичната Светлана Јовановска, Јасна Димитровска – полна со страст за музиката.

Ќе се паметат дуетот на Петановска и Талескa – When You Believe, Ана со Run to You – на Витни Хјустон, Eye of a Tiger на Димитровска, What a feeling на Светлана, The One that I Want на Ана и Горан Наумовски… Посебен шарм на вечерта да даде и пејачот Денис Димоски со силна изведба на Have You Ever Really Loved a Woman?

Музичарите ги предводеше Камерниот оркестар IWConnect и „Полифонија“, со диригентот Владимир Димовски. Посебен шмек на вечерта и дадоа и танчерите од Dancers United, како и балерината Сaша Евтимова.

Со извесни технички ситници, Оскаровската гала вечер и годинава покажа може да прерасне во убав настан што го слави филмот, музиката, убавината и дека треба да го имаме.
Фото: Киро Попов/ преземено од ppj.mk








