Уште еден голем исчекор на Националниот џез оркестар, дувачите го запалија оганот во срцата на публиката

Секој нов концерт на Националниот џез состав претставува нов празник, нов предизвик за публиката, која веќе до последно столче ги исполнува гледалиштата. И на концертот предводен од австрискиот диригент Зиги Фајгл, во четвртоко вечерта се докажа тоа. Сведочевме концерт посветен на џез-бенд лидерот, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон и на афро-кубанската музика.

Кубанските ритми, виртуозноста на нашите џезери, а овојпат до израз дојдоа дувачките инструменти, во комбинација со харизматичниот Фајгл, беа полн погодок. Сета почит од нашата публика за диригентот Зиги Фајгл кој ги знаеше со име и презиме сите музичари до еден во нашиот состав. Овде имате 24 срца што свират за вас и многу се радувам што ги гледам како растат!

Концертот Cuban Fire беше музички огномет, вечер за паметење! (С.Ѓ)

Фото: Маја Аргакијева

Сподели