Оскаровска гала вечер со безвременските хитови номинирани и наградени со „Оскар“ ќе се случи вечера во 20 часот. Ќе настапат македонските пејачи: Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот камерен оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.
Посетителите ќе пристигнуваат на црвениот тепих од 19.30 часот. Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97. Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.
Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mк.





