Концерт на „Амплидајн ефект трио“

Во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје вечерва во 20 часот концерт ќе одржат „Амплидајн ефект трио“. „Амплидајн ефект“ е музички проект на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика, со акцент на импровизирани музички сесии. Во изминатите години издадни се бројни албуми и реализирани насташи на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд арт фестивал (Холандија), Скопскиот џез фестивал итн.

Како трио, „Амплидајн ефект“ настапува заедно со Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоска (флејта), создавајќи уникатна звучна фузија што води низ атмосфери на експериментална и амбиентална музика.

Сподели