На почетокот на февруари излезе од печат број 156 (првиот број за 2025 година) на „Стожер: ревија за литература, култура и уметност“ при Друштвото на писателите на Македонија. Редакцијата во состав: Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска, Лилјана Пандева, Делвина Крлуку и Стефан Марковски го подготвија бројот со следниве богати содржини: ексклузивен ерменски ракопис „Историја на Александар Македонски“, интервјуто „Македонскиот јазик е толку богат што ми го одзема здивот“ со Огнена Никуљски. Објавени се прилози со поезија од поетите: Ристо Лазаров, Каљош Челику, Анита Бошкова, Анастас Ќушкоски, Лидија Дочовска Павловска, Весна Дамчевска Илиевска, Рифат Емин, Румена Пупавац, Снежана Стојчевска, Жељка Авриќ итн. Со куси раскази се застапени Габриела Стојаноска-Станоеска, Ресул Шабани и Петар Петрески.
Во рубриката „Согледба“ е сместен текстот на Иван Џепароски насловен „Допирот на убавината и на целината на Матеја Матевски“, а Вера Стојчевска-Антиќ прави „Комеморативен збор за проф. Бистрица Миркуловска“.
Во рубриката Сеќавање, Лејла Шериф Емин прави навраќање на Илхами Емин. Во рубриката Став впечатлив е текстот „80 години македонско издаваштво – некогаш и денес“ на Бисера Бендевска. Во рубриката Осврт се застапени текстовите на: Александра Јуруковска, Виолета Танчева-Златева, Драгана Евтимова. и Гордана Јовиќ-Стојковска. На крајот има Хроника од настани одржани во ДПМ, културни вести од Македонија и рубриката Времеплов.
Бројот може да го погледнете ОВДЕ.





