Креативни решенија, иновации во поглед на решавањето на проблемите предизвикани од климатските промени понудија млади тимови од 50-ина студенти викендов за време на првиот „Климатон“ што се одржа на Факултетот за информациски и комуникациски технологии, при Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола. Студенти, средношколци, ентузијасти учествуваа на првиот настан од ваков тип, што го организираше Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) од Скопје, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан и Општина Битола.

Стручна комисија по 24 часа интензивна работа, првото место му го додели на тимот од Техничкото училиште од Битола, под менторство на проф. Александра Колевска. Тие освоија награда од 6.000 долари и во наредните неколку месеци ќе работат на развивање на нивната идеја.
На дводневниот настан пријавените тимови работеа решенија за еколошки предизвици специфични за Битола, како загадување на воздухот, енергетска ефикасност, управување со отпадот и сл.

На отворањето на настанот ректорот проф.д-р Игор Неделковски ги охрабри учесниците да се вложат максимално и да бидат исклучително креативни.
– Немојте ништо да ви спречува да ги презентирате и вашите најлуди идеи за справудувањето со загадувањето на воздухот и климатските промени. Хакатоните се за тоа. Не класични решенија, не некои клишеа да се понудат. Вие со вашата младост, вашата креативност да понудите решенија што нам, на повозрастните, на експертите или на политичарите, никогаш нема да ни текнат дека се возможни. Затоа, бидете креативни. Сè она што имате како најлуда идеја, поврзана со климатските промени и загадувањето, презентирајте го, направете од тоа бизнис идеја, бизнес план, апликација и така натаму – рече ректорот.
Оваа иницијатива е значајна и се надевам дека ќе биде продуктивна, бидејќи на темата на зелена транзиција или енергетска транзиција, која што е директно поврзана со климатските промени и Општина Битола е активно вклучена, но секој е добредојден, сакаме повеќе страни да се вклучат, истакна Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, нагласувајќи:

Борче Димитровски
И навистина ми е драго што токму младите ќе бидат тие кои што ќе бидат директно вклучени во тој процес и очекуваме една нова енергија, нов влог што ќе биде значаен во иднината. Учесниците беа менторирани од професори и експерти од областа на бизнис и ИТ секторот.

Климатон е глобална иницијатива на EIT Climate-KIC, водечка европска агенција и заедница за климатски иновации, која обединува 60-ина града кои бараат решение за клучните климатски предизвици ширум светот. Се организира од 2015 година, а досега се вклучени околу 600 организатори и одржани 1.000 настани со над 30.000 учесници. Битола за прв пат се приклучува на ова глобално движење.
На Климатонот учествуваше и УКЛО КОЛОРС тим, предводен од проф. д-р Рената Петревска Нечкоска.





