Со цел да им послужи на учениците и студентите во текот на учењето математика, но и на професорите по математика, инженерите и на други заинтересирани лица, тим професори по математика создаде лексикон на математички термини. Toj содржи повеќе од 2600 насловни единици. Од нив, преку 2000 се математички термини, за кои (паралелно со македонскиот термин) се наведуваат еквивалентни термини на англиски и руски јазик, а потоа следува дефиниција или објаснение на терминот.
Математичкиот лексикон е електронско издание со слободен пристап, а е во издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Автори на Лексиконот се универзитетските професори: д-р Наум Целакоски, д-р Весна Целакоска-Јорданова и д-р Емилија Целакоска.
– Потребата од издавање речник на математички термини со толкувања на македонски јазик се чувствува одамна. Голем број ученици и студенти имаат секојдневна потреба од потсетување и обновување на своите подзаборавени знаења по математика или нивно дополнување со нови содржини. Лексиконот опфаќа термини што се користат во математиката, а некои од нив − во техниката и во други научни дисциплини – велат авторите.





