Ученици од ДМУБЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје беа наградени на балетски натпревар во Бурса, Турција, што заврши на 3 февруари. Непроценливо искуство и задоволство претставуваше овој натпревар за нашите ученици, да се претстават пред светски реномираното жири кое ги награди со највисоки оценки, велат од Центарот. Три ученички добија стипендии за Берлинското државно училиште (Berlin State Ballet School). Тоа се: Антонија Атанадовска, Јана Кепеска и Виола Имери. Награда од Mayo store доби Антонија Атанасовска, под менторство на проф. Дафина Данилоска- Кочевска.

Ви ги споделуваме сите наградени ученици:
– Прва награда
Антонија Атанасовска, ментор проф. Дафина Данилоска – Кочевска
– Трета награда
Искра Давидовска, ментор проф.Слаѓана Спасеновска
– Трета награда
Дион Карпузи, ментор проф.Маја Митровска-Богојевска и проф. Дафина Данилоска -Кочевска

Прва награда „Пахита”(ансамбл) – Мила Николова, Јана Кепеска, Антонија Атанасова, Веда Анѓушева,Матеа Канзурова, Томрис Шабан, Ина Стојановска, Симона Савевска, Виола Имери, Елса Ајрулаи, Лана Иванова, Теа Серафимов, Јана Талеска, Софија Дуданова, Софија Крстева, ментор проф. Дафина Данилоска-Кочевска
– Втора награда „Снегулки“ „Оревокршачка”(ансамбл), ментор проф. Дафина Данилоска-Кочевска








