Најпопуларната манифестација кај нас „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Денес е пуштена во продажба нова серија билети. Под мотото „Вештачка интелигенција за Владата – природна забава за народот“, омилената манифестација со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да и’ подари на публиката со убавина, смеа и задоволства кои може да ни ги овозможат најпопуларните уметници и општонародни миленици.

Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна
бубамара ќе ни овозможи да бидеме ем расположени – ем задолжени! Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу нè
интересира – жирант за добрата забава е „Радио бубамара“.

Секое издание во изминатите 27 години се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дека „Златна бубамара“ е вистинска архива за нашата култура се уверуваме и деновиве при секое репостирање на „ѕвездените моменти“ од досегашните изданија на манифестацијата, на кои публиката со радост си спомува и ги коментира.

Од организацијата на „Златната бубамара на популарноста“ најавуваат уште еден
незаборавен спектакл – оваа година во траење од само 3 часа. За тие што не знааат, сè уште има шанси да дојдете до билети. Пуштени се во онлајн-продажба на https://mktickets.mk/ или во традиционална продажба во цвеќарницата „Розе Веро 2 – Тафталиџе.





