Македонија денеска ја чествува 153 годишнината од раѓањето на еден од најголемите македонски дејци, Гоце Делчев. Често нарекуван срцето на револуцијата и на македонскиот народ, Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш. Загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница. Денеска чест му оддадоа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претставници на опозицијата предводени од Венко Филипче и многу други на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Службата ја водеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Г. г. Стефан.
Фото: Маја Јаневска-Илиева и Киро Попов / Преземено од: ppj.mk

Фото: Маја Јаневска-Илиева / Преземено од: ppj.mk

Фото: Маја Јаневска-Илиева / Преземено од: ppj.mk

Фото: Маја Јаневска-Илиева / Преземено од: ppj.mk

Фото: Киро Попов / Преземено од: ppj.mk

Фото: Киро Попов / Преземено од: ppj.mk

Фото: Киро Попов / Преземено од: ppj.mk





