„Коле Манев сиот свој живот го посвети на реализмот и на фигурацијата. Неговото дело беше искрено сведоштво за страдањата на раселените луѓе, болката на егзилот и потрагата по идентитет. Неговото дело не е само одраз на минатото, туку и светилник за иднината, повикувајќи нè да се сеќаваме и никогаш да не ги изгубиме од вид приказните што нè обликуваат“, рече кураторката Ана Франговска на комеморацијата посветена на ликовниот уметник Коле Манев што се одржа вчера во Даут-пашиниот амам од Скопје. Од Манев се простија членовите на неговото семејство, колегите, почитувачите и љубителите на неговата уметност. Пред присутните се обрати и министерот за културата и туризам Зоран Љутков, а сочувство испрати и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Фото: Киро Попов/ преземено од www.ppj.mk

Фото: Киро Попов/ преземено од www.ppj.mk

Фото: Киро Попов/ преземено од www.ppj.mk

Фото: Киро Попов/ преземено од www.ppj.mk





