Драмски гостува со „Драми на принцезите“ во Љубљана

Драмски театар Скопје гостува со претставата „Драми на принцезите“ на фестивалот РУТА во Љубљана, каде в сабота (1 февруари) ќе ја изведе на сцената на Местно гледалишче Љубљана. Токму на оваа сцена се реализира словенечкото издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА.

„Драми на принцезите“ е претставата работена по циклусот постдрамски текстови
„Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот од германски јазик го направи Катерина Шекутковска. Во уметничкиот тим што работеше на претставата е трочлена екипа од млади и талентирани уметници од Словенија.

Режијата е на Жива Бизовичар, прв драматург е Ник Жнидаршиќ. Втор драматург и редакција на превод: Викторија Рангелова – Петровска. Сценограф и автор на музика е Јан Крмељ. Костимите се на костимографот Александар Ношпал. Дизајн на светло: Жива Бизовичар, Јан Крмељ и Ник Жнидаршиќ.

Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Нина Елзесер, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Ивана Павлаковиќ и Јасмина Василева.

Премиерата на „Драми на принцезите“ беше на 15 ноември 2024 година и досега е
изведена шест пати на сцена „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Гостувањето во Местно гледалишче Љубљана е прва изведба на претставата во странство.

Сподели