„Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски синоќа премиерно прикажан на „Санденс“

Режисерот Георги М. Унковски ја имаше светската премиера на неговиот прв долгометражен игран филм „Диџеј Ахмет“ синоќа во рамките на најголемиот фестивал на независен филм во САД, „Санденс“. Филмот ја отвори главната меѓународна натпреварувачка категорија – World Dramatic Cinema. Филмот ќе има вкупно шест проекции. На проекцијата во Парк Сити, во државата Јута, присуствуваа режисерот Унковски, кинематограферот Наум Доксевски, актерот Ариф Јакуп.

Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг.

Улогите ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.

Снимањето на филмот траеше 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и македонски јазик.

Фотографија: Film Boutique

Сподели