„Целосно непознат“, посветен на Боб Дилан, со Тимоте Шаламе од денеска низ киносалите

Впечатливата вистинита приказна за подемот на еден од најпрепознатливите кантавтори во историјата, Боб Дилан, „Целосно непознат“ од денеска се прикажува низ киносалите во Македонија. Со проекција од 17.45 часот во киното „Синеплекс“ од денеска на репертоарот во ова кино е светскиот хит посветен на легендарниот музичар Боб Дилан, како и во киносалите на „Киноверзум“ во Свети Николе, Велес, Кисела Вода и Штип. Филмот од денес се прикажува и во 3Д киното во Битола.

Филмот е во режија на Џејмс Менголд, а главната улога ја толкува Тимоте Шаламе. Француско-канадскиот актер глуми и пее, а светската филмска критика на големо го пофали Шаламе за одличната актерска креација на светскиот музичар.

Њујорк во раните 1960-ти. На маргините на раздвижената музичка сцена и бурните културни превирања, таинствениот 19-годишник од Минесота доаѓа во Вест Вилиџ со гитара в раце и со револуционерен талент, предодреден да го смени текот на американската музика. Додека го започнува патот кон врвот на кариерата, станува немирен поради фолк движењето, па одбивајќи да биде дефиниран, донесува контроверзна одлука што одекнува во целиот свет.

Покрај Шаламе, во филмот играат и: Ел Фенинг, Ден Фоглер, Бојд Холбрук, Едвард Нортон и др.

Сподели