МОН и БРО повикаа на јавна дискусија за реформите во гимназиското образование

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги повикуваат сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за нацрт-концепцијата за реформи во гимназиското образование. Според МОН, таа е изготвена за да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем. Влета дека предложениот документ нуди модерни пристапи насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди, како и поголем избор за учениците за тие самите да можат да го моделираат својот образовен пат, според нивните интереси и идни цели.

– Мислењата и сугестиите на сите чинители на образовниот процес се од исклучителна важност за креирање гимназиско образование кое ќе ги подготви учениците за современите предизвици и ќе обезбеди меѓународно споредливи образовни резултати – велат од МОН.

Гимназиското образование во Македонија повеќе од две децении не е предмет на суштински реформи. Концепцијата е достапна на официјалната веб-страница на Бирото за развој на образованието. Коментарите може да ги испратите на javnarasprava@bro.gov.mk најдоцна до 31 јануари.

Сподели