Најавата за претставата „12“ со фокус на актерите што играат во неа, беше еден од најчитаните 10 текста во 2024 година на Умно.мк. Претставата веќе се покажа хит, со оглед на огромниот интерес за неа и распродадени изведби неколку месеци однапред. Тони Михајловски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски, Александар Микиќ, Гораст Цветковски и Благој Веселинов играат во новата претстава на Македонскиот народен театар со наслов „12“. Овој актерски дрим-тим започна да ја работи претставата завчера на матичната сцена во режија на Синиша Евтимов. Претставата е според мотивите на „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз.
Прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.





