Џем сесија во чест на Боуви во „Лабораториум“

Во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вечерва во 21 часот ќе биде организирана џем сесија посветена на Дејвид Боуви. Вечерта ќе ја води Аman.be.deus. Вие едноставно треба да викнете друштво и да почнете да свирите, велат од „Лабораториум“.

– Продолжуваме со неделните џемови, ве чекаме на малата сцена да ги изведете сите ваши музички експерименти. Донесете инструменти, нешто што прави звук, или користете ги нашите – стои во поканата.

Сподели