НАЈЧИТАНИ ВО 2024: Како археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија ја возбуди јавноста во Србија

Археолошкиот локалитет Влахо кај селото Живојно во Пелагонија, едно од наоѓалиштата каде што научниците докажаа дека најрано се појавиле неолитските населби во Европа, деновиве стана интересен за социјалните мрежи во Србија. Научниот труд на Гоце Наумов и Агате Рајнгрубер, верифициран и објавен во реномираното светско археолошко списание „Documenta Praehistoric“, отвори полемика откако информацијата ја пренесе српскиот специјализиран портал sveoarheologiji.com.

Повеќемина читатели ја нападнаа сопственичката на порталот, научната новинарка Маја Миљевиќ-Ѓајиќ, и самата магистер по археологија, дека со објавување на информацијата, ја понижува српската култура, алудирајќи на тоа дека населбата Лепенски Вир на Дунав е најстарата откриена европска култура. Полемиката отвори низа интересни прашања. Како науката да се избори за своето место и зошто широките народни маси одбираат повеќе да веруваат на тоа што не е потврдено со факти. Особено кога е поттикната од национални и етноцентрични побуди? Прочитајте го целиот текст на следниот ЛИНК

Сподели