Mакедонската балерина Роксанa Стојанов – нова ѕвезда на Париската опера

Македонско-француската балерина Роксан Стојанов е именувана за ѕвезда балерина на Париската опера на сцената на Операта Бастилја, на крајот на изведбата на балетот „Пакита“ од Пјер Лакот во кој таа ја играше главната улога. Стојанов ја доби оваа титула по предлог на Хозе Мартинез, директор на одделот за танц и Александер Нееф, генерален директор на Париската опера.

Роксана Стојанов e родена 1995 година во Македонија. Mногу рано покажа исклучителен талент за танц. Откако почнала да тренира на осумгодишна возраст во нејзиниот роден град, таа заминала за Брисел, каде што ги продолжила студиите пред да се приклучи на танцовата школа на Париската национална опера во 2007 година. Ангажирана во 2013 година во Балетот, таа брзо се искачила во рангот, станувајќи корифеј во 2016 година и главна балерина во 2022 година.

Фото: Принтскрин

Сподели