Андријана Цветковиќ: Азиската филмска индустрија треба да ја балансира ВИ со човечката креативност

Ние ја имаме моќта да го запреме неизбежниот тек на технологијата од опасноста да ја соголи душата на филмот – пишува Андријана Цветковиќ, режисер, експерт за јапонски и дигитален филм и советник на Агенцијата за културна политика на Јапонија.

Ова е историски момент за филмот, во кој технологијата и уметноста се спојуваат. Како сениор програмски директор на секцијата за женско охрабрување на Интернационалниот филмски фестивал во Токио и режисерка лично, од прва рака гледам како вештачката интелигенција ја реобликува филмската индустрија, пишува Андријана Цветковиќ во своја колумна на japantimes.mk.

Додека ВИ носи возбудливи нови можности, таа исто така поставува предвидливи, ама и непредвидливи предизвици. Технологијата може да отвори врати, но човечкиот дух зад леќите му ја дава на филмот нивната вистинска моќ – и се надевам дека ова ќе остане непроменето.

Кога пристигнав во Јапонија во 2003 година, мојот докторски предлог за дигитално кино беше именувано како „префутуристичко“. Оваа тема тогаш беше се уште далеку од меинстрим. Мојата работа со јапонски стартап шест години подоцна, каде работев на создавањето робот што ќе симулира човечки емоции, тоа ги охрабри моите верувања дека додека ВИ може а замени емпатија или хумор, не може целодно да ја опфати човечката есенција и нејзините нијанси.

Филмот во својата основа е уметничка форма создадена од живо искуство и лични перспективи. Времињата се менуваат брзо и денес ВИ стана основна алатка за филмаџиите. Warner Bros.’ Cinelytic and ScriptBook анализира податоци за да го предвиди успехот на киноблагајните, додека FaceDirector на „Дизни“ помага да се мешаат различни фацијални експресии во постпродукција. Компаниите како Lola VFX ја користат ВИ за да „подмладат“ актери како Том Хенкс и Робин Рајт и да изгледаат 60 години помлади.

Филмските фестивали исто така се осврнуваат на ВИ. И Венецискиот и Канскиот филмски фестивал имаат секции посветени на “immersive” филм што користи виртуелна и аугментирана реалност и други технологии. Како извршен продуцент на TIFFCOM, филмскиот пазар поврзан со Токискиот филмски фестивал оваа година организирав симпозиум за “Генеративната ВИ во филмот: Можности, закани и пејзажот на иднината.

На настанот, јужнокорејскиот ветеран режисерот Кевин Д.Ц.Чанг прикажа АИ-генериран трејлер за неговиот нов филм и ја посочи неговата визија да ги намали филмските буџети за речиси 90 отсто користејќи АИ за дизајн на звук, визуелни ефекти и др. Неговата приказна е тестамент за тоа како ВИ може да ги охрабри независните филмаџии надминувајќи ги традиционалните финансиски бариери. Уште повеќе, се прашувам дали кинематографија што ќе користи повеќе алгоритми и податоци ќе може да ја сочува својата душа.

Николас Арон Коо, претседател на Digital Media Investment Committee at N Prime Partners Capital, фирма за менаџмент од Сингапур, ги сподели овие грижи. Тој нагласи како ВИ ги намалува продукциските трошоци и привлекува инвеститори на растечките пазари во Азија, што претставува од корист за помалите студија и независни филмаџии и ја зголемува пристапноста на филмот низ регионот. Како и да е, ова брзо темпо на промена исто така носи и ризици, особено што технолошките предности често се движат побрзо од традиционалното инвестициско должно внимание.

Прочитајте ја целата колумна на следниот ЛИНК.

Насловна фотографија: Токио филм фестивал 2024

Сподели