„Триоги рејсинг“ од Скопје – најдобар триатлон клуб, федерацијата ги награди најуспешните за 2024 година

Иван Трпчевски од клубот „Триоги Рејсинг“ од Скопје е најдобриот сениор, а Блерта Хани од „3Disciplince“ од Струга се најдобрите триатлонци за 2024 година. Клубот „Триоги рејсинг“ е најдобар според своите успеси. Осум од десет наградени се членови на овој клуб, што постои осма година и прави голем исчекор во развојот на триатлонот во земјава.

Данчо Ѓорѓијевски, основач на „Триоги рејсинг“ и Иван Михајловски, претседател на ТФМ

Македонската триатлон федерација ги објави добитниците на признанијата за најдобрите триатлонци и клуб за 2024 година., на свеченост викендов.

Овие признанија се доделуваат врз основа на официјалната ранг-листа и бодовите собрани во триатлон лигата, која опфаќа три натпревари одржани во Скопје, Дојран и Струга. Овој настан има за цел да ја прослави извонредната посветеност и резултати на нашите спортисти, како и да ги инспирира младите да го следат патот на успехот во триатлонот.

Признанијата за 2024 година се доделуваат на следните спортисти и клуб:

Категорија Сениори:
• Најдобар триатлонец: Иван Трпчевски
• Најдобра триатлонка: Блерта Хани

Категорија Јуниори:
• Најдобар триатлонец: Здравко Здравев и Матео Мачоски (еднаков број на бодови)

Категорија Кадети:
• Најдобар триатлонец: Јосиф Малински
• Најдобра триатлонка: Бистра Груевска

Категорија Деца 2:
• Најдобар триатлонец: Андреј Лозаноски
• Најдобра триатлонка: Илина Станојевска

Категорија Деца 1:
• Најдобар триатлонец: Наум Ѓорѓијевски
• Најдобра триатлонка: Мирјана Тодоровска

Иван Трпчевски

Блерта Хани

Здравко Здравев и Матео Мачоски

Јосиф Малински

Бистра Груевска

Андреј Лозаноски

Илина Станојевска

Наум Ѓорѓијевски

Мирјана Тодоровска

Сподели