Дебитантскиот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ ќе ја има својата премиера на фестивалот на независниот филм „Санденс“ кон крајот на јануари в година. Филмот ќе биде прикажан како дел од главната меѓународна натпреварувачка категорија – World Dramatic Cinema, каде и ќе го започне својот живот.
-Сакам длабоко да им се заблагодарам на стотината луѓе што веруваа во овој филм, кои издржаа во најтешките моменти и дадоа сѐ за успееме да стигнеме до тука – вели режисерот Унковски.
Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг.
Улогите ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.





