Звуците на златното време на Холивуд во саботата ја исполни салата на Филхармонија со феноменалниот концерт Golden Rock Swings што го изведе Националниот џез оркестар. Само што сите изведени композиции се создадени многу години по златнaта ера на Холувуд.

Големите хитови од 90-те години кои Пол Анка ги преработил со свинг аранжмани звучеа фантастично: It’s My Life од Бон Џови, Hello од Лајонел Ричи, Smells Like Teen Spirit од Нирвана, Wonderwall од Оејзис, Everybody Hurts од РЕМ… Огромен придонес дадоа Бранислав Николов, Џон Илија Апелгрен, Светлана Јовановска и Дејан Бобиќ-Дексо кои ги изведоа композициите со поинаков звук и има дадоа безвременост.
Ова беше концерт што ни ги најави новогодишните празници и долго ќе се памети. Ви пренесуваме дел од атмосферата низ објективот на Маја Аргакијева.














