Проф. д-р Маја Бојаџиевска ја доби државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања од областа на воспитанието и образованието. Наградите од областа на културата и уметноста, ја добија Милован Стефановски, писател, Мирослав Масин, сликар и Рефет Абази, актер.
Наградата „Св. Климент Охридски е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.
Наградата ќе им биде врачена на 8 декември на пладне, во свечената сала на Собранието.





