Во десеттата епизода на „Умен поткаст“ наш гостин е актерот Тони Наумовски. Роден во Битола, растен во Сиднеј, завршил на актерската академија во Софија, а во последните повеќе од 15 години својата кариера ја гради во Њујорк. Повеќе од 200 актерски улоги бележи Наумовски во ТВ серии, претстави на Офф-Бродвеј, а постојано му се навраќа и на македонскиот филм. Негово последно остварување во Македонија е „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов.
Проследете ја целата епизода на следниот линк од вечерва во 19 часот.





