Актерите Јована Миладинова и Васил Зафирчев наградени за „Едвард Втори“ на фестивал во Никшиќ

Актерката Јована Миладинова ја освои наградата за најдобра женска главна улога, а Васил Зафирчев – за споредна машка улога за претставата „Едвард Втори“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

Миладинова ја доби наградата за Изабел де Валоа во претставата според текст на Сашо Димоски и Андриј Жолдак, кој и ја режираше. Членови на жирито беа: Зијах А. Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ.

„Јована Миладинова храбро исчекорува од просторот на својот моментален животен хабитус и смело се препушта на значајна режисерска постапка и на фасцинантен начин, низ збор, движење и енергија, го креира ликот на Изабела, жена распната помеѓу љубовта, страста, но и желбата за власт и висините на моќта“ – стои во образложението на жирито.

За Зафирчев истакнаа дека „го креира ликот на Пирс Гејвстон со особена сценска лирика, но и со прецизни актерски средства кои се потпираат на кореграфија и сценско движење“.

Сподели