Почина големиот македонски композитор Љупчо Константинов

На 77 години, денес почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство. Љупчо Константинов е роден на 11 декември 1946 година во Охрид.

Тој дипломирал на Музичката академија во Белград. Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста. Композиторот во 2019 година ја доби ѝ наградата „Голема ѕвезда“ на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а ја добил и наградата „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија.

Станува збор за една исклучителна појава во македонската кинематографија, човек кој со посебна боја ги обои филмовите како „Среќна нова ’49“ и „Тетовирање“, филмови што македонската публика исклучително многу ги сакаше сите овие години. Тој има соработувано со Паоло Маѓели, Томаж Пандур, Мустафа Надаревиќ, Пенелопе Круз, Роберто Чули, Озрен Прохиќ, Бранко Гапо, Димитрие Османли, Столе Попов, Антонио Митриќевски. Потпишува повеќе од 35 наслови на филмска музика.

Сподели