Отворањето на 3. издание на Конференцијата „Наука за деца“ утре ќе биде пренесесувано во живо, онлајн во 18.30 часот на Фејсбук страницата на платформата. Дводневната конференција ќе биде проследена со многу активности и оваа година ќе се одржи во просториите на гимназијата НОВА во Скопје. Годинашното мото на конференцијата е „Надгради ја твојата реалност“.
По свеченото отворање, утревечер во 19.15 часот пет кратки предавања ќе имаат финалистите на минатогодишниот конкурс за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“, изработени под менторство на истакнат македонски научник кој работи во странство. Од 20.15 предавање ќе одржи проф. Бас Рокерс од Универзитетото „Њујорк“ во Абу Даби за виртуелната реалност и нејзиниот потенцијал да го трансформира начинот на кој учиме, играме и истражуваме. На крај ќе бидат доделени и годинашните награди за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ и за најдобар млад презентер „Колега Стиков“.
Целата програма на конференцијата на линкот, а на овие линкови се и пријавите за работилниците.





