Битолскиот театар гостува во Полска со „Хамлет – денот на убиствата“

Екипата на Народниот театар од Битола за време на своето гостување во Полска, вчера беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил. Во пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата.

Претставата „Хамлет – денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, беше одиграна синоќа на Интернационалниот фестивал, Direction Еast во Бјалисток.

Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска. Марјан Неќак е и автор на музиката, па така во претставата се употребени фрагменти од аријата Nessun Dorma од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната What Was I Made For“ од Били Елиш, како и стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.

Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски.

Сподели