Четврт уписен рок за запишување во прва година на прв циклус студии распиша Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола во академската 2024/2025 година. Овој уписен рок започнува со пријавување на кандидатите на 4 октомври, по што ќе следува објавување прелиминарна ранг- листа на 7 октомври. Решението за прием на кандидатите ќе биде објавено на 9 октомври, а ден подоцна, кандидатите ќе може да се запишат.
Во претходните три уписни рокови досега се запишани 1060 студенти во прва година, што според анализите, е за 170 студенти повеќе споредбено со минатата академска година.
Конкурсот е достапен на следниот ЛИНК.
Фотографија: Од првиот академски час на УКЛО





