Даниела Атанасовска стана третата Македонка што го завршила Ironman триатлонот во полна дистанца

Триатлонката Даниела Атанасовска ја заврши Ironman триатлон во полна дистанца во Емилија Ромања, Италија. Таа стана трета Македонка во историјата на оваа трка на издржливост што ја завршила. Со поминати 3,8 км во пливање, 180 км со велосипед и 42 км трчање, таа ја докажа својата железна волја и успеа да го оствари својот сон на кој напорно работеше.

Леана Таќи беше првата жена од Македонија која го оствари овој подвиг во 2015 година, а во 2019 година Ивана Герчакова – втората.

-И’ честитаме на големиот подвиг и и’ посакуваме уште многу успешно завршени трки – велат од нејзиниот клуб „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Од Триатлонската федерација на Македонија ги охрабруваат „неверојатните девојки да послужат за инспирација за останатите да се занимаваат со триатлон, да веруваат во себе и да си поставуваат високи цели во животот!“

 

Сподели