Главниот кризен штаб оценката ја темели на бројот на вакцинирани наставници и училиштен кадар кој во моментот изнесува 62 отсто од вкупниот број вработени во училиштата
Сите ученици од 1 септември ќе одат во школо зашто се создадени услови за почеток на учебната година со физичко присуство, соопшти Министерството за образование и наука. Оценката на Главниот кризен штаб со кој раководел премиерот Зоран Заев утре тренба да биде потврдена на седница на Владата.
– Главниот кризен штаб оценката ја темели на бројот на вакцинирани наставници и училиштен кадар кој во моментот изнесува 62 отсто од вкупниот број вработени во училиштата – соопшти МОН.
Одлуката важи за сите училишта, основни и средни, во кои ќе мора да се почитуваат протоклите за заштита од ковид-19. Ова се дел од протоколите според кои ќе се одвива наставата со физичко присуство.
ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА:
– Наставниот час трае 40 минути.
– Секое училиште води евиденција на дневна основа за присуство на наставниците.
– Реализацијата на наставата, отсуствата на учениците се евидентира во е-дневник.
– Наставниците во училиштето доаѓаат најмалку половина час пред почетокот на наставата го организираат и спроведуваат влегувањето на учениците во согласност со распоредот на часови и протоколот.
– Секое училиште за пристигнувањето, за заминувањето на паралелките во и од училиштетo, за смените, користењето на големиот одмор изготвува распоред.

– Училиштата го прилагодуваат и усогласуваат Куќниот ред на училиштето со Планот и протоколот за настава со физичко присуство.
– За учениците наставата се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето и со задолжителна примена на сите заштитни епидемиолошки мерки утврдени во Протоколот за настава со физичко присуство.
Исклучок од правилото:
– За учениците кои припаѓаат на ризична група треба да имаат потврда од матичен лекар-педијатар дека поради својата здравствена состојба не треба да посетуваат настава со физичко присуство и наставата ќе ја следат преку учење од далечина. Родителот/старателот до училиштето терба да достави медицинска документација и потврда од матичен лекар.
– За учениците кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација, наставата може да се реализира преку учење од далечина.
– Учениците кои следат настава од далечина се вклучуваат на часот во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.
– Учениците од пониските одделенија на основното образование треба почесто да се потсетуваат на мерките за заштита, со оглед на фактот дека сега се запознаваат и воведуваат во почитување на редовните училишни правила. Треба да им се нагласи дека не треба да ги споделуваат своите работи (моливи, гумички и сл.) поради околностите и дека другарството може да го изразат на други начини прифатливи за сегашната ситуација.
Одмор за време на наставата:
– Малиот одмор трае 5 минути меѓу часовите, а големиот одмор од 15 до 20 минути.
– За време на одморите задолжително се почитуваат мерките за заштита и потребно е да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците.
– За време на големиот одмор кога учениците се во училишниот двор, задолжително се спроведува чистење на училниците со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот и задолжително се проветруваат просториите.
ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
– Средните училишта согласно просторните можности ја организираат наставата во една или две смени.
– Наставниците во доаѓаат во 7 часот за прва смена, односно 13 часот за втора смена за да го организираат влегувањето на учениците во согласност со распоредот на училиштето.
– Наставата за прва смена почнува во 7.30 часот, односно во 13.30 часот за втора смена.
– Наставниот час трае 45 минути.

– После секој наставен час се користи мал одмор што трае 5 минути и голем одмор од 20 минути.
– За време на големиот одмор кога учениците се во училишниот двор, задолжително се спроведува чистење на училниците со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот и задолжително се проветруваат просториите.
– За учениците наставата се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето.
– Секое училиште води евиденција на дневна основа за присуство на наставниците и на учениците.
– Училиштата го прилагодуваат и усогласуваат Куќниот ред на училиштето со Планот и Протоколот за настава со физичко присуство.
Исклучок од правилото:
– За учениците кои припаѓаат на ризична група и имаат потврда од матичен лекар дека поради својата здравствена состојба не треба да посетуваат настава со физичко присуство, наставата ја следат преку учење од далечина. Родителот/старателот до училиштето треба да достави медицинска документација и потврда од матичен лекар.
– За учениците кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација, наставата може да се реализира преку учење од далечина.
– Учениците кои следат настава од далечина се вклучуваат на часот во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.
Линк до сите протоколи ТУКА.
Фото: МОН





