Изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин е отворена синоќа во галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Проектот започна со објавување на јавен повик/интерактивен конкурс за учество на публиката, каде граѓаните праќаат по една предлог фотографија од своето омилено планинско место/планински масив или највисоката точка/врв,која го афирмира или карактеризира поднебјето од каде што потекнуваат.
Дарко Аницин – Авторот направи избор на фотографии по кои создаде 25 акрилни дела кои ќе ги претстави на интерактивна изложба.
Секое ликовно дело е именувано по одбраната фотографија, планинска област, врв..(пр. Име на ликовното дело: Голем Кораб (2.764 м) – највисока точка на Корапскиот масив)
Проектот „Ремек-дело на создавањето“ – интерактивна изложба на Дарко Аницин е избран од Министерството за култура на Годинешниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, како проект од национален интерес во културата за 2024 година.
Дарко Аницин е роден 1977 година во Скопје.
Аницин е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во Средното уметничко училиште “Лазар Личеноски” потоа на Факултетот за ликовни уметности.





