Наградата „Срце на Сараево“ за најдобар филм ја доби „Три километри до крајот на светот“ во режија на Емануел Парву. За наградите одлучуваше жирито во состав: Пол Шредер, режисер, САД, Себастијан Каваца, актер (Словенија), Уна Гуњак (режисерка, сценаристка (БиX), Јухо Куосманен, режисер, сценарист (Финска) и Нооми Рапасе (актерка, Шведска). Продукцијата на романскиот филм доби 16.000 евра како награда.

Најдобар режисер е прогласен Јоргос Зоис, на филмот „Аркадија“, грчко-бугарска копродукција. Наградата изнесува 10.000 евра. Наградата за најдобра актерка ја доби Анаб Ахмед Ибрахим од филмо т„Село покрај рајот“, Австрија, Франција, Германија, Сомалија, а најдобар актер – Дору Бем од „Голема недела“, романско-швајцарска копродукција.
Најдобар документарен филм е прогласен „Слика за паметење“ во режија на Олга Черних, од Украина, Франција, Германија.
Повеќе за сите награди, на следниот ЛИНК.





