Париз ги прегрна олимпијците со музика, танц, мода. Селин Дион го онеме светот! (ВИДЕО)

Светот го сврте фокусот на најголемиот спортски настан што не’ обединува – Олимписките игри. Во церемонија која прв пат беше организирана надвор од стадион, ами долж Сена и го направи Париз – сцена, синоќа беа отворени 33. Олимписки игри. Франција и Париз не ги ни личи со ништо помалку!

Со димни сигнали во боите на француското знаме, многу танчери, пејачи – Французи, но и светски, меѓу кои и американската пејачка Лејди Гага, и стотици танчерки на бреговите и мостовите. Врв на уметничкиот дел од настанот беше настапот на Селин Дион, која настапува по четири години, како резултат на паузата од болеста што ја оневозможи да настапува.

Таа се врати на пиедесталот и го одушеви светот со изведбата на L’Hymne à l’Amour од Едит Пјаф. Нејзина сцена беше Ајфеловата кула. Не стивнуваат одушувачките реакции од цел свет. Таа покажа колку волјата е најважна!

Низ Сена вчера пловеа сите олимпијци и тимови, како и нашиот. Ниту дождот не ја намали магијата што ја приреди Париз! Во наредните три недели ќе владеат најдобрите во сите дисциплини. Повеќе од 7.000 од 205 земји од цел свет скокаа од радост што можат да дефилираат пред цел свет.

Фотографии: Јутјуб принтскрин/Europsport

Сподели