Македонија гори (ГАЛЕРИЈА)

Македонскиот народ е исправен пред голем предизвик да се бори со огнени стихии на голема територија. Речиси да нема регион во земјава што не е зафатен со пожар. Мештаните секаде се борат да ги спасат своите куќи, имоти, стока. Помош стига од сите страни, од доброволци-пожарникари од Словенија, Австрија, хеликоптери од Србија.

Активни се десетици пожари, а до синоќа најопасно беше во Малешевијата, односно Делчевско-пехчевскиот регион. Силите на Армијата, противпожарните служби и локалнот население се бори со огнените јазли. На места има и прекин на патниот сообраќај поради слабата видливост. Утрово во близина на Будинарци пожарите се локализирани, но австриските и словенечките пожарникари укажаа дека доколку се влоши ситуацијата, ќе биде неопходно населението да се евакуира.

До вчера во регионот на Скопје имаше 18 активни пожари, од кои само уште еден бил активен. Ви претставуваме галерија од селата Будмирици и Робово, Беровско, каде вчера беше најопасно.

Фотографии: Тоше Огњанов

Сподели