Поетот Митко Гогов со своја поезија е застапен во две американски тематски антологии. Станува збор за проекти на американската издавачка куќа Inner Child Press World healing“ и Being Human во кои се застапени познати автори од сите континентни. Вилијам С. Питерс е координатор и уредник на овие изданија. Преводот на поезијата на Гогов го направи Никола Ѓелинчески.
Исто така неодамна во новиот број на реномираното списание за поезија „Poetix“ во Грција, во препев на Петрос Голицис (професор, поет и преведувач) излезе избор на поезијата на Гогов. Уредник на списанието е Динос Сиотис, а во содржината на списанието може да се прочитаат осврти за книги, интервјуа, есеи и поезија од 40-ина автори.
-За прв пат сум застапен во ова списание и освен мојата поезија како што разбрав, другите автори се домашни. Ова е голема чест за мене – рече Гогов.





