Хемичарите од „Беркли“ за прв пат го измерија ајнштајниумот

Уште од откривањето на елементот 99 (ајнштајниум) во 1952 година, научниците од Националната лабораторија „Беркли“ ги истражувале последиците од првата хидрогенска бомба. Студиите биле оскудни, пред сè поради фактот колку е тешко да се создаде доволно количество од елементот кој е исклучително радиоактивен.

Деновиве во научното списание Nature, група хемичари ги претставија своите резултати од експериметот спроведен врз 250 нанограми од елементот кои им овозможија да го изведат првото мерење на далечината на поврзувањето на ајнштајниумот.

Ребека Аберџел од лабораторијата „Беркли“ е една од водечките научници во истражувањето. Таа вели дека откритијата се значајни бидејќи подетаљно разбирање на елементот ќе води кон откривање нови материјали и технологии не само со овој елемент, туку и со останатите актиниди од Периодниот систем.

Користејќи олеснувања кои не биле на располагање во времето кога елементот бил откриен, тимот успеал да создаде мало количество ајншајниум-254, кој е еден од постабилните изотопи на елементот.

Научниците велат дека новите откритија ќе помогнат полесно да се разбере делот на актиниди во Периодниот систем – елементите поместени во последниот ред на табелата – кој вклучува елементи и изотопи кои може да бидат употребени за генерирање нуклеарна енергија и развивање на нови радиофармацевтски производи. Дополнително, ако научниците успеат да изолираат доволно чист ајнштајниум во блиска иднина, тоа може да им овозможи да го искористат како „таргет“ во потрага по нови елементи.

– Би можеле да трагаме по нови елементи и да се приближиме повеќе до (теоризираниот) остров на стабилноста – објаснува Аберџел.

Извор: Berkeley lab
Фото: Wikimedia Commons

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели