Куп награди за „Кислород“ на Иван Јерчиќ на „Арт Трема фест“ во Рума, Србија

Претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ освои неколку награди на 27. Меѓународен фестивал „Арт Трема“, што се одржа во српскиот град Рума. Претставата ги доби наградите „Сребрена Тремина маска“, за најдобра режија, за сценска музика (Александар Димовски), за дизајн (музика, звук, светло-тотал дизајн) на Александар Димовски, Марјан Ѓорѓиевски, Владимир Переловски и Никола Ѓорѓиевски, Сашо Илковски, како и за партнерска игра за Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.

Претставите ги оценуваше жирито во состав: Зијах Соколовиќ, Марина Вујчиќ и Неџма Чизмо. На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола и од земјата-домаќин, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина.

Сподели