„ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“

Под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ. Стартот на маратонот е во 11 часот во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар до Владата.

– По завршување на трката ќе одржиме мирен протест пред Владата за да ја подигнеме свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ. Ја информираме јавноста дека ФИНКИ во изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата кој ги поставивме на минатиот протест одржан пред Владата – велат од ФИНКИ.

Раководството ги повикува сите да да ги проследат почетокот на трката и протестот пред Влада кој ќе почне во 11.30 часот.

Сподели