ФИНКИ утре пред Влада: Наставно-научниот совет ќе одржи седница под ведро небо

Професорите и другиот наставен кадар на ФИНКИ утре во 12 часот пред Владата ќе ја одржат 25. редовна седница на Наставно-научниот совет. Одлуката ја донесе деканската управа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Ова е прв од најавените мирни протести со кои тие сакаат да укажат ан власта за потребата од подобрување на условите за стидирање на студентоте на Факултетот.

– Мирните протести ќе траат сè до оставривање на целта. Ги повикуваме сите кои го поддржуваат нашето барање – велат од ФИНКИ.

Умно.мк денеска објави интервју со деканот, проф. д-р Боро Јакимовски. Според него, факултетот изминатите две години ги интензивирал напорите за надминување на просторниот проблем.

„Од Владата ни беа понудени неколку можности на веќе постојни објекти да се адаптираат за потребите на Факултетот. Скоро една година помина во анализа на можностите, пред сè во насока на соодветноста на предложените простории, но за жал ниту една не беше соодветна за потребите и дејноста на Факултетот“, вели Јакимовски.

Сподели