Повеќе од 300 студенти присуствуваа на конференцијата што викендов ја организираше Универзитетско студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а беше поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Марко Ѓоргиевски, директор на Агенцијата, рече дека во континуитет, заедно со студентите работат во повеќе области од кариерно советување, зелената агенда, дигитализацијата, вештачката интелигенција заедно градејќи општество со европски вредности.
– Студентите кои се дел од Erasmus+ програмата се огледало на меѓународната соработка, рушејќи ги бариерите и стереотипите. Неопходно е да се заложиме за меѓусебна поддршка во академските достигнувања, поттикнувајќи позитивна образовна атмосфера – рече Ѓоргиевски.
Тој додаде дека Националната агенција ги препознава безбројните можности што произлегуваат од меѓународните и интеркултурните интеракции.





