„Истовременици: Истражи или замисли!“ е насловот на конкурсот за средношколци што го објави Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Есеите во текстуална форма од минимум 500 збора, стрип, видео или авторско музичко дело треба да се испратат на iea@pmf.ukim.mk најдоцна до 10 април.

– Понекогаш големите идеи, научните откритија и историските пресврти се случиле само затоа што двајца луѓе се сретнале на исто место и во исто време и ги здружиле своите сили. На мапата на истовременици во прилог (со зумирање) пронајди таков пар кој реално соработувал ИЛИ замисли приказна во стилот на „што би било, кога би било“, за поединци кои живееле во исто време, но никогаш не дошле во контакт еден со друг – велат од Институтот.
Најдобрите три дела според стручното жири ќе бидат прогласени на Отворениот ден на ПМФ, на крајот на април.





