Делегацијата на Европската Унија заедно со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје објавија конкурс за награда за најдобар студентски превод и резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“. Конкурсот е наменет за студенти што се најмалку на трета година студии и имаат до 27 години.
Рокот за пријавување е до 27 март.
Резиденцијата ќе се реализира од 17 до 21 април годинава во с. Радожда, Струга. Преку внимателно обмислена програма, резиденцијата ќе понуди серија сесии за градење на преведувачките вештини во нивните различни аспекти, водени од ментори, со цел на студентите да им се понуди воннаставна професионална надградба, како и да се поттикне квалитетот при преведувањето книжевни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.
Трошоците за резиденцијата, вклучително транспорт и сместување со полн пансион, ќе бидат целосно покриени.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.





